Пукање во средно училиште во Далас – најмалку три жртви/видео

23

Најмалку три лица настрадаа денеска во пукање во средното училиште  Вилмер-Хачинс во Далас, во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата.

Во известувањето на американската ТВ мрежа Си-би-ес се наведува дека семејствата на учениците се повикани да се оддалечат од кампусот, како и дека учениците се евакуирани.

Повикувајќи се на неименувани извори во даласката полиција, Си-би-ес пренсе дека се пријавени најмалку 3 жртви, како и дека е во тек потрага по ученикот кој наводно пукал од огнено оружје во училишниот кампус, но овие инфромации не се официјално потврдени.

Според евиденцијата на диспечерот на американската итна служба 911, примен е повик некаде пред 13 часот и 10 минути, а полицијата потврдила дека се „активирани безбедносни протоколи“ поради пукање во средно училиште на улица Лангдон роуд број 5500.

На снимките од воздух се гледа присуство на припадниците на повеќе служби околу училиштето, вклучително со брза помош, агенти на федералната Агенцијаза алкохол, тутун, огноено оружје и експлозив, и полицијата на Далас, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ