Пукање во фабрика во Германија: убиени две лица, потрагата по напаѓачот е во полн ек

285
Две лица настрадаа откако маскиран и вооружен маж денеска околку 17 часот и 45 минути упаднал во фабриакта Хенел во градот Бад Фридрихшал во гермаската сојузна држава Баден-Виртемберг.

Според наодите на полицијата, двајца мажи се убиени со куршуми од огнено оружје, додека трет е тешко повреден, пренесува „Билд“.

Полицијата го огради местото на злочинот и на самото место испрати голем контигент полицисни сили, вклучително хеликоптер и тим за специјални операции.

Како што се наведува во сооопштенито, напаѓачот успеал да побегне, а потрагата по него е во полн ек, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ