На подрачјето н населбата Шуматац во Велика Кладуша денеска имало пукање, а потрагата по напаѓачот се уште трае, потврдија за Klix.ba од МВР на Унско-санскиот кантон.
Како што е соопштено за тој портал, пукањето се случило во 14 часот, оттогаш трага по се уште неидентификуваниот маж.
Неофицијално дознаваат дека мажот се претставил како „американски војник“ и дека бил вооружен со автоматска пушка.
Во потрагата која трае веќе неколку часа се вклучени и специјални полициски единици.
Нема извештаи за повредени во оваа престрелка.