Жител на Долнелни, прилепско, е уапсен откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како неговиот син, по кој полицијата трага, пука во воздух најпрво од полувтоматска пушка , а потоа и од пиштол. Видеото го објавија од МВР и соопштија дека го привеле таткото на пукачот, 51 годишен жител на селото Црнилишта, а синот избегал и полицијата го бара. Двајцата кривично ќе одговараат за предизвикување на општа опасност. При претресот во домот на уапсениот полицијата пронашла оружје кое го поседувал со дозвила
„При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот“, стои во соопштението на МВР и додаваат дека пронајденото оружје, е одземено поради сомнение за извршено кривично дело од членот 288 од Кривичниот законик, во кој е санкционирано делото предизвикување општа опасност.
Покрај одземањето на оружјето, од МВР велат дека ќе следи постапка за одземање на дозволата за поседување на оружје на лицето.
Ловно оружје татко и син го употребувале за забава и со тоа ја довеле околината во опасност. Полицијата го објави видеото од социјалните мрежи на кое се гледа како синот рафално пука. Приведен е таткото кој го поседувал оружјето со дозвола, а синот е во бегство. Полицијата неодамна подели 15 откази на високи полициски функционери поради издавање на дозволи на луѓе кои не треба да носат оружје. Обвинителството пак е во финална фаза пред одлуката по истрагата против 25 полицајци поврзани со злоупотреби при доделување дозволи |
Ваквите случаи се уште една причина поради која МВР неодамна најави дека ќе се заострат условите за добивање дозвола за оружје. Имено, министерот Панче Тошковски пред неколку месеци најави дека барателите на дозвола ќе можат да аплицираат преку интернет. Софтверот ќе ги има предвид базните податоци на полицијата и ќе одредува дали оној што бара дозвола е подобен или не е подобен да поседува оружје. Во МВР изминатата година издале вкупно 424 Одобренија за набавување на оружје, информираат од полицијата за весникот ВЕЧЕР. Еден од условите за добивање на дозвола за оружје е и тоа да не преставува опасност за јавниот ред, а токму тоа го направил уапсениот од Долнелни кои парчињата ловно оружје ги користеле со синот за забава и опасност по околината.
Неодамна внатрешната контрола на МВР подели отказ на 15 високи полициски функционери поради селективно издавање на дозволи за оружје на луѓе кои не исполнувале услови да го поседуваат. Обвинителството пак токму поради злоупотребите со дозволите за оружје води предмет во кој 25 полициски службеници се под истрага. Според последните информации од ОЈО за весникот ВЕЧЕР, осомничените извршиле увид во доказите и дале исказ пред надлежен обвинител, по што ќе била донесена одлука за обвинение. (П.А.)