Цените на јајцата повторно растат во Соединетите Држави бидејќи постојаната епидемија на птичји грип се совпаѓа со силната побарувачка во пресрет на сезоната на зимски одмори.
Американската организација за јајца, трговска групација, вели дека недостигот на јајца во некои продавници е изолиран и краткотраен.
„Тоа се поправа брзо, понекогаш за само еден ден“, рече Емили Мец, претседателка и главен извршен директор на Одборот за јајца.
Иако цените растат, тие се уште се далеку од својот врв пред речиси две години.
Просечната цена за пакување од 12 јајца во американските градови во октомври изнесувала 3,37 долари, според Заводот за статистика. Тоа е нешто помалку отколку во септември, а значително помалку од јануари 2023 година, кога просечната цена се искачи на 4,82 долари А во октомври 2023 година, 12 јајца чинат во просек по 2,07 долари.
Понекогаш супермаркетите се виновни за скокот на цените, а во еден случај со кој се занимаваше Федералната трговска комисија во август, директорот на една компанија призна дека цените на млекото и јајцата намерно се подигнати над нивото на инфлација.
Има и други фактори за поскапување, а Мец, првиот човек на Комитетот за јајца, вели дека главен фактор е побарувачката на јајца, која е најголема во ноември и декември.
А птичјиот грип е уште една голема причина за повисоките цени на јајцата. Епидемија на болеста започна во февруари 2022 година и доведе до колење на повеќе од 111 милиони претежно кокошки – несилки.
Повеќе од шест милиони кокошки се заклани само овој месец поради птичји грип. Тоа е релативно мал дел од вкупното јато на САД од 377 милиони кокошки-несилки. Така, тоа јато беше намалено за три проценти во текот на годината, што предизвика пад на производството на јајца за четири проценти, според американското Министерство за земјоделство.
Последниот бран на птичји грип го намалува производството на јајца, особено за фармите со кокошки од слободно одгледување, особено во сојузните држави Калифорнија, Невада, Вашингтон и Орегон, за кои е потребно да се продаваат само такви јајца. Ваквото барање наскоро ќе стапи на сила во уште три американски држави, а подоцна и во други.