
Одмаздата се служи ладна, или така мислат во и околу Париз. Актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, допрва треба целосно да се опорави од некомпензираното заминување на Килијан Мбапе во Реал (М), а правните битки за големите пари сè уште се во центарот на спорот меѓу напаѓачот на „кралскиот клуб“ и бордот на популарните „светци“, тврди шпанска „Marca“.
Секој клуб си се грижи за своите интереси, а бегството на Килијан Мбапе не го заборавија ниту раководните лица, нути сопственикот Насер Ал-Келаифи. Претседателот на парискиот клуб го искористи престојот на EA7 World Legends Padel Tour за да зборува за актуелните работи поврзани со ПСЖ.
Најдобар начин да го остави зад себе она што се случи со францускиот репрезентативец е да му возврати на Реал (М), продолжува „Marca“. ПСЖ сега ја истражува можноста да одземе еден од скапоцените камења на академијата на Реал. То
Оваа сезона е таква што многу млади играчи добија можност да се докажат во првиот тим, а некои се докажаа и пред Карло Анчелоти. Проблемот е што тие привлекоа внимание не само во „Валдебебас“ туку и надвор од него. И тоа е делот од приказната каде ПСЖ влегува во игра, сакајќи да украде дел од талентот на Реал.
Потезите на францускиот тим околу „La Fábrice“ беа почувствувани и предизвикаа предупредувања. Како што кажавме, неколку играчи од академијата се во фокусот на скаутите на ПСЖ, а Реал (М) е запознаен со се, додава „Marca“. Неодамна, академијата на Реал со кадетскиот тим на Алваро Лопез го освои турнирот Ал Кас во Доха, кој стана задолжителна дестинација за најдобрите светски академии.
За време на натпреварите најмногу се истакна Брајан Бугарин, кој неколку дена подоцна на 16 години го потпиша првиот професионален договор со Реал (М). Тој беше избран за најдобар играч на турнирот, а мадридските директори знаат дека не можат да ја ризикуваат неговата иднина со оглед на тоа што претходно настапуваше за Селта.
Финалето се одигра меѓу мадридскиот тим и ПСЖ. Иако Французите во претходната фаза го совладаа Реал (М), а победата во решавачкиот меч му припадна на мадридскиот тим. Изненадувањето дојде кога Ал Келаифи по натпреварот отиде во соблекувалната за да им честита на играчите на двата тима и затоа неговите потези сега се под лупа.