ПСЖ му понуди на Салах договор што не се одбива

42

Од Франција пристигнуваат вести дека ПСЖ подготвил тригодишен договор вреден 500 илјади евра неделно за Египќанецот Мохамед Салах.

Новинарот Ромен Кол Годин ја објави веста на својот Твитер профил. Договорот на славниот Египќанец со премиерлигашот Ливерпул истекува ова лето, а од 1 јануари и официјално е слободен да преговара со други клубови.

Според Годин, „светците“ се подготвени на 32-годишниот Салах да му понудат тригодишен договор со плата од 500.000 евра неделно или два милиони евра месечно, што би изнесувало вкупно 72 милиони евра за три години од договорот!

Тоа е многу повеќе од она што му го нуди Ливерпул. Наводно на „Енфилд“ му подготвиле договор на (само) две години со плата од 400.000 евра неделно.

Салах сезонава за Ливерпул одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна 20 гола и 17 асистенции. Ова е осма сезона за Египќанецот на „Енфилд“. За тоа време освои исто толку трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампионите (2019) и Премиер лигата (2020). Вкупно одигра 375 натпревари и постигна 231 гол.

ИЗДВОЕНИ