
Фудбалерите на Арсенал со поразот од Вест Хем на „Емирати“ направија нов чекор назад кога е во прашање борбата за титулата во Премиер лигата. Но, тоа не е единствениот проблем за „топчиите“, клубот доби понуда од 135 мил. евра за една од најголемите ѕвезди во тимот.
На прашањето по натпреварот за играта и борбата за титулата, менаџерот Микел Артета беше и повеќе јасен.
„Тоа не е во нашите раце. Многу ме нервираат работите што се во наши раце, а тоа е нашата игра и денешниот резултат. Не бевме ни блиску до нивото на кое треба да бидеме за да ја освоиме Премиер лигата. Јас сум многу одговорен за тоа, но исто така сум многу, многу лут“, изјави Артета.
Нови проблеми за Артета се појавија бидејќи, како што пренесува шпански „Fichajes“, ПСЖ испратил понуда од 135 мил. евра за Деклан Рајс.
Арсенал плати клупски рекорд од 120 милиони евра кога го донесе англискиот репрезентативец од Вест Хем во 2023 година, а тој летово би можел да го напушти Лондон.
Новинарите на „Фихајес“ тврдат дека ПСЖ испратил фиксна понуда од 135 мил. евра, како и дополнителни бонуси за играчот на Арсенал, но наводно „топчиите“ бараат 160 мил. евра за да го пуштат.
Ако тоа се случи, тоа ќе беше рекордна продажба за Арсенал, но прашање е како тие би го замениле Деклан Рајс во средниот ред.
„Рајс постојано го изразуваше своето задоволство што е во Арсенал, но понудата на ПСЖ е предизвик за секој фудбалер кој игра на ова ниво, особено затоа што имаат толку многу пари. Од друга страна, Арсенал ќе се обиде да ја задржи големата ѕвезда бидејќи знае колку е важен во борбата за врвот во домашниот и европскиот фудбал, пишува „Фихајес“.