EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Американскиот фудбалер Сержињо Дест (23) дефинитивно ја напушти Барселона и премина во редовите на ПСВ Ајндховен.

Дест ја мина претходната сезона во тој холандски клуб, кој сега го купи од Каталонците, со помалку чуден договор. Имено, Барса ќе доби само процент од следната продажба на играчот, доколку се случи такво нешто. Ова се и единствените пари што ќе му припаднат на шпанскиот гигант за продажба на Дест, бидејќи летово му истече четиригодишниот договор.

Тој во мај заработи тешка повреда и беше опериран, па двата клуба најдоа компромисно финансиско решение. Пред четири години, Барселона му плати на холандскиот Ајакс 21 милион евра за Дест.