Пржена кисела зелка на старински начин: Повкусна од подварокот и двојно побрзо се подготвува

16408

Киселата зелка е исклучително здрава и има многу повеќе витамин Ц во споредба со лимонот, па затоа е пожелно да се јаде што повеќе во студените денови за да се зајакне имунитетот. Ова е најдобриот природен начин да се заштитите од вируси во текот на зимата.

Покрај тоа, при самата ферментација, односно скиселувањето, овој зеленчук создава услови за раст на корисни пробиотици кои влијаат на здравјето на цревата.

Покрај веќе познатите јадења од кисела зелка, има и едно јадење кое одамна го подготвувале нашите баби и кое за жал полека се заборава. Тоа е пржена кисела зелка, која е слична на подварокот, а сепак различна.

Се приготвува многу побрзо од чорба, има одличен вкус и може да се комбинира со други јадења, како варени компири или пире од компири. По желба можете да додадете суво месо, чадени колбаси или, како во овој рецепт, сува сланина.

Состојки:
1 главица кисела зелка
200 мл масло
1 главица кромид
300 гр свежо месо по избор
200 гр суво месо (сланина, колбас, сув врат)
бибер, лук во прав
магдонос и босилек
ловоров лист

Подготовка:

Киселата зелка исечкајте ја како за супа, натопете ја со 1 литар вода и оставете ја да отстои 30 минути, па добро исцедете ја.

Во длабока тава го динстаме кромидот на масло, го додаваме месото исечкано на коцки, налеваме вода и го оставаме месото убаво да се свари.

Додадете ја исцедената зелка, зачините и прелијте со околу 1 л вода и оставете да се крчка покриено на тивок оган. Додадете зачини и сè добро измешајте.

Откако водата целосно ќе зоврие, додадете малку масло и продолжете со пржење на зелката 10 минути.

Додадете ја сечканата сува сланина и продолжете да ја пржите зелката додека не добие убава златножолта боја.

Можете да го послужите со пире од компири.

ИЗДВОЕНИ