Кифличките се секогаш нешто што не потсетува на неделно попладне, а во исто време сите ги сакаат. Затоа треба да го пробате овој рецепт, кој се разликува од оние кои сте имале шанса да ги пробате. Оние кои ги направиле тврдат дека никогаш не јаделе подобро.
Состојки:
300 гр брашно
1/2 лажичка сол
1 лажица шеќер
1/2 лажичка сув квасец
200 мл ладно млеко
30 гр путер
Дополнително:
1 литар вода
50 гр прашок за печиво
Подготовка:
Во сад измешајте го просеаното брашно, солта, шеќерот и сувиот квасец. Добро измешајте, па додадете ладно млеко. Прво соединете го тестото со шпатула, а потоа измесете со раце. Потоа се додава путерот на собна температура и убаво се замесува да се соединат убаво сите состојки. Тестото ставете го во сад и покријте го со проѕирна фолија, па оставете го на топло место половина час да нарасне. Тестото поделете го на 4 дела, па обликувајте топчиња. Од нив направете црв и исечете го на уште 5 дела. Повторно формирајте топчиња. Покријте со проѕирна фолија и оставете уште 5 минути.
Земете една топка, распоредете ја со прстите, па ставете една лажица џем во средината, а потоа кренете ги краевите кон средината и поврзете. Наредете во плех што сте го премачкале со масло. Покријте со проѕирна фолија и оставете да одмори уште 20 минути. Во тавче сипете вода и кога ќе зоврие додадете го прашокот за пециво.
Ставете ги кифличките во зовриена вода и оставете ги околу 40 секунди. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Исечете ги кифличките на три места, па печете во загреана рерна на 190°C околу 25 минути.