Прво огласување на Зеленски по разговорите меѓу Путин и Трамп

191

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека гледа „добри шанси“ за ставање крај на војната со Русија, по 30-дневниот план за прекин на огнот предложен од Украина и САД, за кој Москва рече дека ќе се согласи само доколку се исполнат одредени услови.

Украинскиот претседател го повтори своето тврдење дека Владимир Путин ќе се обиде да го вовлече предлогот за прекин на огнот во бескрајни дискусии и ги повика САД и другите сојузници на Киев да извршат притисок врз Русија.

Слично на тоа, извор од украинската влада за Sky News изјави дека Американците понудиле безусловен прекин на огнот од 30 дена и дека Киев се согласил на тоа.

„Значи, треба да има договор од руската страна. Она што Путин го кажа јавно вчера и што го слушнавме да и каже на американската страна се дополнителни услови за Украина за прекин на огнот, особено, запирање на регрутирањето во армијата, запирање на снабдувањето со одбранбена помош. Секој обид за додавање услови на прекинот на огнот го гледаме како обид на Русија да ги одложи работите“, рече изворот.

Да потсетиме, рускиот претседател Путин денеска телефонски разговараше со американскиот колега Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ