Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше по историскиот договор меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија.
Тој рече дека претставникот на САД денеска или утре ќе се сретне со претставниците на Русија.
Трамп се надева дека Русија ќе го прифати договорот.
Претседателот, исто така, потврди дека ќе го покани Володимир Зеленски да се врати во Белата куќа, додавајќи дека „сака да стави крај на војната во Украина“.
Да потсетиме, по средбата во Џеда, претставници на украинската и американската делегација излегоа со заедничка изјава.
„САД веднаш ќе ја прекинат паузата во размената на разузнавачки информации и ќе ја продолжат својата безбедносна помош за Украина“, беше објавено.
За време на денешниот состанок, двете земји презедоа „важни чекори кон враќање на траен мир“ за Украина, додаде Стејт департментот.
Украина, исто така, изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот од 30 дена.
Двете земји, исто така, рекоа дека се согласиле да склучат договор за развој на критичните минерални ресурси на Украина.