Системот „Безбеден град“ (Сејф сити) првите казни ќе ги испорачува од 1 јануари 2026 година, иако функционирањето на системот ќе се случи порано. Ова го најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците. Тој истакна дека покрај возилата во движење, со системот „Сејф сити“ ќе се казнуваат и непрописно паркирани возила.

– Дел од имплементацијата на „Сејф сити“ ќе бидат и возила што ќе бидат опремени со паметни камери и при движење на сообраќајници ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила, по што тие ќе бидат процесирани во системот на обработка на податоци – рече Тошковски, кој истакна дека во главниот град, но и во другите градови нема доволен простор за паркирање и дека паралелно треба да се работи на урбанистички предуслови

Системот „Безбеден град“ (Сејф сити) првите казни ќе ги испорачува од 1 јануари 2026 година, иако функционирањето на системот ќе се случи порано. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

– Во наредниот месец ќе се работи интензивно на целокупната легислатива и до крајот на март ќе ја имаме првата верзија на сите закони што треба да влезат во владина процедура, а до крајот на април во собраниска процедура. Неколку месеци граѓаните прво ќе добиваат пораки со предупредување, а од 1.1.2026 ќе ги овозможиме законските услови тоа да биде онака како што треба – истакна Тошковски.

Тој истакна дека покрај возилата во движење, со системот „Сејф сити“ ќе се казнуваат и непрописно паркирани возила.

– Дел од имплементацијата на „Сејф сити“ ќе бидат и возила што ќе бидат опремени со паметни камери и при движење на сообраќајници ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила, по што тие ќе бидат процесирани во системот на обработка на податоци – рече Тошковски, кој истакна дека во главниот град, но и во другите градови нема доволен простор за паркирање и дека паралелно треба да се работи на урбанистички предуслови.

Системот „Безбеден град“ е заедничка мисија на институциите и ЗЕЛС од каде што активно работат за побезбедни општини. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ја поздрави иницијативата за подобрување на законските рамки што ќе придонесат за побезбедни улици, помала бројка на сообраќајни несреќи и поефикасно справување со прекршоците.

– Како ЗЕЛС, интензивно работиме со градоначалниците низ државата на идеи и проекти кои ќе донесат поголема безбедност во нашите општини. „Безбеден град” е иницијатива што ја поддржуваме и која може значително да придонесе во оваа насока. Институционалната соработка е клучот за успехот на овие мерки. Само со заеднички пристап, координирани политики и јасна законска рамка можеме да изградиме средина во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, било да се движат по улиците, во парковите или во своите населби – изјави Ѓорѓиевски.

Проектот „Безбеден град“ започна во октомври 2024 година со една едноставна, но силна идеја: да ги обединиме капацитетите на Министерството за правда и на Министерството за внатрешни работи, да ги надминеме старите системски бариери и да креираме ефикасен и транспарентен правен процес. Од Министерството за правда истакнаа дека е формирана меѓуресорска работна група која имаше обврска да ги подготви  измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за прекршоци и измени на Кривичниот законик со цел да се обезбеди имплементација на проектот „Безбеден град“.

– Со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот, започнавме со нови измени во Законот за прекршоци. Предвидена е посебна постапка за прекршоците од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, која се однесува на прекршоците утврдени со помош на електронски системи за детектирање, како што е системот „Безбеден град“. Воведуваме скратени постапки со кратки рокови за судење и засилени казни за рецидивистите, вклучувајќи забрана за управување со возило по третиот прекршок. Прекршочните налози ќе се доставуваат брзо и ефективно преку СМС и е-пошта. Сторителите ќе имаат право на судска заштита ако не ја прифаќаат одговорноста. Овие промени ќе ја подобрат брзината и ефикасноста на постапките – истакнаа од Министерството за правда.

Во декември 2024 година беше отворен процесот на интероперабилност кој долго време беше задржан само на хартија.

– Со директно учество започнавме пат на поврзување на судовите и ЈО со МВР, нешто што беше неопходно, но не беше функционално. Ние како министерство овозможивме поврзување помеѓу МВР, судовите и ЈО со цел да се потпишат директни меморандуми за соработка и договори за размена на податоци во електронска форма, преку Националната платформа за интероперабилност, која ќе овозможи пристап до бази на податоци на институциите, што ќе се користат во судските постапки. Ова значи дека сите релевантни институции имаат пристап до најактуелните и точни информации. Брзо и ефикасно, без губење време, можности за манипулации и без можност за корупција. На тој начин добиваме систем кој не само што ќе се справува со постојните проблеми, туку ќе ги спречува новите – децидни се од Министерството за правда.

ИЗДВОЕНИ