Први снимки од разорните поплави во Грција: Што остана од омилените туристички дестинации?/ВИДЕО

249

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси ги уништи омилените туристички дестинации во оваа земја. Некои од најубавите грчки острови се погодени од многу силно невреме, а најтешко се погодени Миконос и Парос, а после невремето владее хаос.

Парос вчера попладне го зафати силен дожд кој за неверојатно краток временски период ги претвори улиците во реки. Буицата носеше автомобили, влегуваше во домовите носејќи се пред себе.

Врнеше со часови, додека патиштата се уништени, тротоарите беа однесени од силна вода, а спасувачите и припадниците на противпожарната служба добиле стотици повици за помош.

Припадниците на Секторот за вонредни ситуации биле испратени на островот со хеликоптер, кој на крајот не можел ниту да слета поради ужасните временски услови. Во меѓувреме, граѓаните добија итна СМС порака да избегнат какво било движење бидејќи временските услови беа исклучително опасни. Во исто време беше донесена одлука во вторник да нема настава во училиштата.

Само неколку часа откако Парос беше зафатен од невремето, истата судбина го снајде и Миконос. Силен дожд и ветер и град го погодија островот создавајќи хаос. Патиштата и овде се претворија во реки кои носат автомобили, контејнери и се што ќе се најде на патот.

Во некои области нивото на водата беше високо повеќе од еден метар, оставајќи многу семејства заробени во своите домови, а спасувачите не можеа да дојдат до нив.

Силно невреме го погоди и Сирос, додека на грчкото копно националниот пат Коринт-Триполи беше покриен со бел слој мраз по силниот град. Ненадејната бура принуди десетици возачи да побараат засолниште под мостовите.

Вонредното временско предупредување на метеоролошката служба сè уште е во сила, бидејќи невремето се движи кон Споради, Тесалија, Додеканезите и Крит. Сепак, штетата што ја остави зад себе на Кикладите – особено на Парос и Миконос – ќе биде потребно време да се поправи.

Метеоролозите велат дека вчера на Парос врнело колку што врнело за еден месец, додека на Миконос врнело колку што врнело за два месеци.

„За среќа, немаше многу луѓе на островите, а се верува дека ситуацијата ќе беше многу подраматична доколку ова се случеше за време на велигденските празници, кога сè е раздвижено од луѓе.

ИЗДВОЕНИ