Се поставуваат челичните решетки од кровната конструкција на првата училишна спортска сала во населба Хром. За првпат во историјата на оваа населба, учениците ќе добијат услови за спортски активности во модерна и опремена сала, која досега им беше недостапна.

– Проектот за изградба на спортската сала ќе обезбеди не само простории за физичко образование, туку и гардеробери, санитарии и хортикултурно уредување на околниот простор. До сега, околу 40% од работите се успешно реализирани, вклучувајќи завршени темели и армирано-бетонски греди, што овозможи поставување на кровната конструкција. Овој проект е само еден во низата на значајни инвестиции на Општина Ѓорче Петров – истакна градоначалникот на оваа општина, Александар Стојкоски.

Покрај изградбата на спортската сала, Стојкоски најави дека во подготовка е и проектот за доградба на училиштето, кој ќе обезбеди услови за едносменска настава – уште една важна иницијатива која ќе ја подобри образовната инфраструктура.

ИЗДВОЕНИ