Првата дама во венчаница од 100.000 долари: Меланија и Доналд Трамп прославија 20 години брак/ФОТО

585
Фото: EPA-EFE/MAASNI SRIVASTAVA

По инаугурацијата и новиот мандат на Доналд Трамп, семејството Трамп има уште една причина за славење, а овој пат тоа е годишнината од бракот на првата дама Меланија Трамп и Доналд Трамп.

Меланија и Доналд Трамп слават 20 години брак, а по тој повод американскиот претседател на својата сопруга и испрати јавна честитка преку социјалните мрежи.

Тие се венчаа во 2005 година, по седум години врска, а ова е можност да се види како Меланија, која сега важи за дама со стил, изгледала во венчаница.

Таа носеше луксузна венчаница на модната куќа Диор вредна 100.000 долари, а свечениот изглед го заокружи со дијамантска огрлица.

„Среќна 20-годишнина, Меланија“, напиша Трамп покрај фотографијата од нивната венчавка, на која се држат за раце додека ја напуштаат црквата.

Во април 2004 година, Трамп ја запроси Меланија со прстен вреден 2 милиони долари, а таа подоцна призна дека е изненадена од предлогот, иако сите го очекуваа овој потег.

ИЗДВОЕНИ