Првата дама ги претпочита Њујорк и Палм Бич: Меланија Трамп нема да се пресели во Белата куќа

147

Меланија Трамп најверојатно нема да се пресели во Белата куќа како прва дама, јавува денес Си-Ен-Ен повикувајќи се на повеќе извори, наведувајќи дека една од нејзините први одлуки е да ја прескокне традиционалната, симболична средба со актуелната прва дама Џил Бајден.

Актуелните и идните американски претседатели Џозеф Бајден и Доналд Трамп ќе разговараат во 11 часот по локално време во Овалната соба, но Џил Бајден нема да може да биде домаќин на Меланија Трамп.

Членовите на тимот на Трамп јасно и ставија до знаење дека и е важно да оди во Белата куќа, но идната прва дама на социјалната мрежа Икс изјави дека нема да присуствува на состанокот.

Меланија Трамп неодамна во интервју за Фокс њуз изјави дека не е загрижена повторно да живее во Белата куќа, бидејќи сега има повеќе искуство и знаење.

Кога ќе влезете, точно знаете што можете да очекувате, рече таа.

Се очекува првата дама во следните четири години поголемиот дел од времето да не го поминува во Белата куќа, туку меѓу Њујорк и Палм Бич, Флорида, пренесува Си-Ен-Ен, која додава дека секогаш ќе биде присутна на големите настани и ќе има свои приоритети како прва дама.