Првата антикорупционерка во суд поради корупција!?

334

Попладнево судија на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот обвинител и и ги одзема двата пасоши , редовниот и дипломатскиот на првата антикорупционерка Татјана Димитровска поради сомнеж за корупција во случајот Адитив, односно таа е една од тројцата нови опфатени во истрагата за злоупотребите со набавките во ЕСМ каде Буџетот бил оштетен за милиони евра. Според ОЈОГОКК од доказите донесена била Наредба за спроведување на истрага за уште тројца меѓу кои и првата антикорупционерка Димитровска која пред да стане претседателка на ДКСК работеше во Државниот ревизор.

“Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како “Адитив”, по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело, соопштија од Судот.
Од ОЈОГОКК не прецизираа што и се става на товар на Димитровска и најавија детали за утре.
Димитровска беше и првиот антикорупционер кој побара и доби од МНР дипломатски пасош. Во јули лани, Димитровска кажа дека легитимно право е на секој член да си побара дипломатски пасош и оти има институција која ќе цени дали им следува. На прашањето дали им следува, таа одговори потврдно.

„Да, ни следува, по основа на функционер избран од Парламентот. Пасошот не е побаран за злоупотреба за приватни цели, туку затоа што сме често поканети и на настани во други држави“, рече тогаш Димитровска.

Засега нема соопштение од Антикорупциска што по мерките кои судот ги изрече за нивниот Претседател. Членовите на ДСКС ги избира Собранието со просто мнозинство, а Претседателот е најдобро рангираниот меѓу кандидатите.

ИЗДВОЕНИ