Првачињата ќе се запишуваат во училиште според местото на живеење

591

Советот на Општина Карпош ја усвои Одлуката за утврдување на реони на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа.

Од Општина Карпош информираат дека на тој начин може да се утврди во кое основно училиште може да се запише првоодделенецот во согласност со местото на неговото живеење.