Прва жртва на невремето во Србија: Младич загина во сообраќајна несреќа

125

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи на улицата Горанска кај „Југов“ во Смедерево.

Според неофицијални информации, станува збор за млад човек, а до сообраќајната несреќа дошло по судир на патничко возило и камион цистерна.

Истрагата е во тек, полицијата е на лице место, а сообраќајот е во прекин.

Станува збор за стариот смедеревски пат кој води до Белград. Поради обилните врнежи сообраќајот се одвива отежнато во речиси сите делови на Србија, а се сомнева дека причина за оваа страшна несреќа е лизгање поради снег.