Белгија стана првата земја во светот која обезбеди платен годишен одмор и боледување, пензија, породилно отсуство и државна помош за сексуалните работници, објави денеска Дојче веле.
Законот за целосно регулирање на статусот на сексуалните работници беше усвоен со големо мнозинство во парламентот на земјата пролетта, а стапи во сила овој месец.
Возрасните кои ќе одлучат да започнат кариера во оваа индустрија можат да потпишат соодветен договор за вработување и со тоа се социјално осигурани, а регулирано е и работното време, плаќањето и безбедносните мерки.