Рускиот претседател Владимир Путин се огласи по преговорите во Ријад, оценувајќи колку добро поминале.
– Протерувањето на руски и американски дипломати не води кон ништо добро, сега ќе продолжи работата на дипломатските претставништва – рече рускиот претседател, додавајќи дека „Русија и САД ги направија првите чекори кон соработка на Блискиот Исток, вклучително и Сирија и Палестина“.
Тој рече дека целта и темата на разговорите во Ријад е да се врати довербата меѓу Русија и САД.
– Без оглед на сите проблеми во претходните три години, работата продолжува на полето на вселената, руските и американските космонаути продолжуваат со својата работа – посочи тој, привлекувајќи внимание на тоа како на американската страна имало „сосема различни луѓе“ и како целта на преговорите била обнова на руско-американските односи.
– Би сакал да се сретнам со Трамп, но тоа бара подготовка – рече рускиот претседател и додаде дека желбата да се одржи средба со Трамп е заедничка.
Како што додаде, Русија ќе ги информира своите пријатели во БРИКС за резултатите од руско-американските преговори.
– Русија го направи првиот чекор за продолжување на соработката со САД во различни области од заемен интерес, вклучувајќи го и Блискиот Исток – вели рускиот претседател.