Прва оставка по изборите во Германија

33

Кристијан Линднер, лидерот на германските либерали (ФДП) објави дека се повлекува од активната политика по тешкиот пораз на изборите одржани вчера.

„Федералните избори донесоа пораз за ФДП, но се надеваме на нов почеток за Германија. За тоа се борев. Сега се повлекувам од активната политика само со едно чувство: благодарност за речиси 25 интензивни, предизвикувачки години, полни со дебата“, напиша Линднер на мрежата „Х“.

Кристијан Линднер е претседател на ФДП повеќе од единаесет години и тоа секогаш го сметал за „привилегија и посебна обврска“, како што претходно изјави во Берлин.

Тој во германскиот Парламент (БУндестаг) беше речиси 25 години. Линднер е претседател на ФДП од крајот на 2013 година. Под негово водство, ФДП успеа да се врати во Бундестагот во 2017 година.

Во ноември тој беше разрешен од министерската функција од канцеларот Олаф Шолц (СПД) по спорот околу отплатата на германскиот долг. Со ова беше запечатен крајот на препознатливата „семафор коалиција“.

Освен Линднер, синоќа и потпретседтелот на ФДП Волфганг Кубицки најави дека ќе поднесе оставка од партијата доколку неговата партија не го мине прагот од пет проценти.

ИЗДВОЕНИ