Прв случај на потпомогнато самоубиство во Ломбардија

63

Првиот случај на потпомогнато самоубиство е регистриран во италијанската област Ломбардија, откако 50-годишна жена која боледувала од прогресивна мултиплекс склероза повеќе од 30 години починала откако земала лекови што и биле обезбедени од Националната здравствена служба, соопшти денеска Здружението за право на умирање Лука Кошиони.

Ова е шести случај на потпомогнато самоубиство во Италија, пренесе Анса.

Здружението Лука Кошиони соопшти дека локалната здравствена власт го обезбедила лекот и потребната опрема за процедурата девет месеци откако била побарана, и покрај неподготвеноста на регионалната влада да даде зелено светло.

„Регионот Ломбардија обезбеди медицинска помош за доброволна смрт бидејќи тоа беше негова должност“, соопшти Здружението Лука Косиони, пренесува Танјуг.

Тоскана во вторникот стана првиот италијански регион кој го одобри законот за пристап до потпомогнато самоубиство.

Во 2009 година, Уставниот суд, во својата „пресуда за Капато“, именувана по Марко Капато, објави дека потпомогнатото самоубиство во Италија е дозволено под одредени околности.

Барањата утврдени во пресудата од 2019 година вклучуваат, меѓу другото, присуство на иреверзибилна патологија, неподносливо физичко или психичко страдање и потпирање на пациентот на третмани за витална поддршка.

Судот, исто така, го повика парламентот да усвои закон кој се однесува на прашањата на животот и смртта, што досега не е сторено, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ