Прв случај на „мпокс“ во Косово: Кај заболениот се појавиле симптоми на треска, промени на кожата на лицето и рацете и чешање

51

Во Косово е забележан првиот случај на „Мпокс“, болест која се нарекува и „мајмунски сипаници“, јавуваат приштинските медиуми.

Институт за јавно здравје во Косово соопшти дека на 26 декември Лабораторијата за микробиологија преку ПЦР тест утврдила дека маж (30) е заразен со овој вирус и веднаш бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.

Како што пренесува порталот Telegrafi.com, овој човек неодамна престојувал во Африка, а има температура, треска, промени на кожата на лицето и рацете и чешање.

Пациентот е во стабилна состојба, а се проверуваат сите контакти што ги имал како и членовите на неговото семејство.