Прв случај на мајмунски сипаници потврден во Косово

20

Првиот случај на мајмунска сипаница е потврден во Косово, соопшти Институтот за јавно здравје во Приштина. Во соопштението се наведува дека микробиолошката лабораторија во четвртокот потврдила увезен случај на мајмунска сипаница.

Се нагласува дека мажот (30) се вратил од западноафриканска држава и сега е хоспитализиран на Инфективната клиника, како и дека е во стабилна здравствена состојба.

„Пациентот е во стабилна здравствена состојба. Институтот ги следеше сите пријавени контакти на заразеното лице и членовите на неговото семејство, на кои им беа дадени препораки за мерки за превенција и контрола на инфекцијата“, се вели во соопштението.

Институтот повика на претпазливост, додавајќи дека луѓето со мајмунски сипаници обично имаат благи или умерени симптоми, кои траат две до четири недели.