Прв пат од 19-тиот век: Дабарите се враќаат во Брисел

60

Во Брисел е забележано враќање  на дабарот, кои првпат од 19 век ја населува  малата река која во најголемиот дел подземно протекува низ главниот град на Белгија.

 

 

Реката сега има повторно видливи делови, особено на северниот дел од градот, благодарение на проектот на агенцијата „Околината на Брисел“, која сакаше да ја врати реката во својот природен тек, пишува „Брисел тајмс“.

 

„Веќе неколку месеци гледавме траги од дабар на дрвјата и карактеристичните засеци на дрвјата“, изјави Бенџамин Тибокс од агенцијата.

 

Со оглед на тоа што дабарите се активни ноќе, персоналот на агенцијата постави инфрацрвени камери на местата каде што се забележани трагите.

 

Агенцијата потврди дека станува збор за европски дабар, најголемиот глодач на континентот.

 

Тие животни беа вообичаени во Европа до крајот на средниот век, кога целосно исчезнаа поради ловот на крзно, месо и кастореум, мирисна супстанца која ја користат за обележување на територијата, а која се користи во производство на парфеми.

 

Дабарот повторно се насели во Белгија во 1990-тите години на 20-тиот век, а нивниот број оттогаш брзо порасна. Според податоците на агенцијата, во Белгија сега има неколку илјади единки, а ги имам и во урбаните подрачја.

 

Експертите истакнуваат дека враќањето на дабарите во Брисел е значајно за биодиверзитетот и здравјето на екосистемите.

 

За заштита на овој вид, тој е ставен под законска заштита, што значи дека нивното убивање и уништувањето на нивните живеалишта е забрането.