Пругата Куманово – Бељаковце ќе биде пуштена за една недела

28

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 17 јануари да биде пуштена првата делница Куманово –Бељаковце, со должина од 31 километар, од пругата кон Бугарија. Инвестицијата за делницата Куманово –Бељаковце изнесува 41 милион евра, а во втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка ќе се инвестираат 155 милиони евра за дополнителни 34 километри.

Тој најави дека течат инфраструктурните активности на патниот дел на коридорите 8 и 10-д.

– Очекувам, пред да почне туристичката сезона, во втората половина од мај и првата половина од јуни, да ја пуштиме делницата од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај местото Ботун. Тука има мало свлечиште, кое треба да се санира и до крајот на 2026 година да го пуштиме целиот потег на автопатот Кичево – Охрид. Наскоро ќе биде распишан тендерот Букојчани – Кичево, со што и тука би се поврзале овие два коридора. Очекувам, по адаптацијата, конечно да имаме успешно наддавање Блаце – Скопје и проектирање на тунелот Тетово – Призрен. Исто така, очекувам да биде завршено и проектирањето Куманово – Страцин, како и обиколницата Битола – граничен премин Меџитлија. Ова се проекти што се во процес на проектирање или во процес на изградба и завршување – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ