Прскање против ларви од комарци

72

В четврток ќе се реализира авионска и дезинсекција од земја на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци, известуваат градските власти.

– Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира в четврток, во раните утрински часови, додека дезинсекцијата од земја ќе се реализира в четврток, во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.