Во реномираното мултикултурално списание „Lamed“ со седиште во Израел, е објавен расказ на нашиот писател Томислав Османли. Станува збор за електронско списание покренато на 1. јануари 2008 година, чијшто главен уредник е истакнатиот белградски автор Иван Л. Ниниќ кој одамна веќе живее и работи во градот Нетанија, во Израел.

Lamed излегува двојазично; месечно на српски јазик, а со четири броеви годишно и на англиски јазик, како „Lamed-E”.

Објавената проза на македонскиот писател, е дел од неговата широко афирмирана прозна збирка јудео-балканси раскази и новели насловена „Светилка за Ханука“. Таа за прв пат е публикувана 2008 година, па и самата е современик на списанието во кое сега, по внимателен избор на уредникот, деновиве е објавена новелата „Рабинот и искуството на жртвувањето“.

Новелата го следи внатрешното дијахрониско доживување на еден фиктивен лик, рабин на Монастирлитската или Битолската синагога од Њујорк, при неговиот лет од тој америкнски магалополис до Ерусалим и претставуваа соочување на еден образуван духовник свртен кон книгите, со самото искуство на животот кое го следи и низ животот, а изненадувачки ќе го дочека и на неговата крајна патувачка дестинација.

„Рабинот и искуството на жртвувањето“ е новела полна со историски податоци за смената на бурните времиња и во сефардска Битола и во библиската историја на Ерусалим знаменитите имиња на учените духовници од македонскиот град, автори на теолошки расправи и толкувања на светите книги, но и на прашањата што жестоко ги наметнува самиот живот. Во неа суптилно се подвлекува разликата меѓу благородните учења на доктрините и фактите на самата тревожна, интимна но и политичка реалност.

Прозите од оваа прозна книга на Османли се преведени на голем број јазици и во повеќе средини, од Америка и Полска, до Србија, Хрватска, Белгија, Грција и Аргентина.

ИЗДВОЕНИ