Македонските навивачи се соочија со големи проблеми за време на натпревар против Гвинеја во Вараждин. По случувањата на вториот натпревар против Холандија, Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) и организаторот ги затегнаа мерките, ги зголемија претресувањата, мереа алкохол во крвта на фановите и не дозволуваа знамиња со сонцето од Вергина.
Заради третманот врз нашите фанови се огласи генералниот секретар на Ракометната федерација (РФМ), Филип Милошевски. Тој испрати протесна нота, потенцирајќи дека сите Македонци се дојдени со најпријателски и најспротски намери.
„Честитки до нашите момци за победата, одиме во следна фаза, напред Македонија !
Во врска со организација на натпреварот со Гвинеја:
– само еден влез во арена е активен
– жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари
– во опасни предмети вклучени се и кармини, лабело , сјај за уста, полнач за телефон и слично
– простор за пушење нема, а ако решите да излезете треба пак назад кај редарот на главен влез
АМАН дојдовме во мир, најпријателски и најспортски“, напиша на социјалните мрежи Филип Милошевски.