Протестите во Атина прераснаа во ерупција на насилство: Центарот на градот стана „воена“ зона!/ВИДЕО

58
EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Грчката полиција употреби солзавец кон демонстрантите кои фрлаа молотови коктели на протестот по повод втората годишнина од железничката несреќа во Темпи во која загинаа 57 лица. Мирните сцени во центарот на Атина избувнаа во големи судири меѓу младите кои фрлаат камењакон полицијата.

Илјадници луѓе кои дојдоа на плоштадот Синтагма побегнаа, некои дури и бараа засолниште во парламентот, додека полицијата употреби солзавец кон стотици млади со качулки во црно кои фрлаат камења по нив, пишува The Guardian.

Целата област околу Синтагма стана борбена зона, а полицијата вели дека околу 700 луѓе „се борат“ со нив. Воздухот е толку густ со солзавец што неколку луѓе се онесвестиле додека спасувачите на Црвениот крст брзаат да пружат прва помош.

Денеска во Грција започна 24-часовен штрајк на вработените во транспортот, бизнисот и училиштата, со масовни протести низ земјата по повод втората годишнина од железничката несреќа во Темпи во која загинаа 57 лица. Меѓу жртвите беа и студенти, а несреќата се случи кога патнички воз, преполн со студенти, удрил во товарен воз.

Во оваа фаза не е јасно дали станува збор за ерупција на гнев предизвикана од катастрофата или, пак, младите анархисти често „ ги киднапираат“ мирните протести. Повеќето веруваат во второто, пренесува The Guardian.

Протести низ целата земја

Десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Атина за да побараат правда, пренесе „Прототема“. Демонстрантите носеа црни балони и транспаренти со пароли како: „Вие броите добивки. Ние броиме животи“.

Протести се одржуваат во десетици градови низ Грција.

ИЗДВОЕНИ