Протести, инциденти и апсења во Белград и Нови Сад: Вучиќ го свика Советот за безбедност!

564
фото: Instagram

Додека опозициските републички и покраинските пратеници во Нови Сад ја блокираат зградата на судот и обвинителството, барајќи да се откријат одговорните за смртта на 15 лица при падот на настрешницата на железничката станица, во Белград има протести поради планираното отстранување на мостот Стар Сава.

И во Нови Сад и во Белград имаше препукувања со полицијата и инциденти.

Сава Манојловиќ, лидерот на опозициското движење Старт-промена, беше соборен на земја од полицијата, е примен во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија, дознава „Блиц“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kreni- Promeni (@kreni.promeni)

Истовремено, во Нови Сад опозициските политичари продолжија да ја блокираат зградата на судот и обвинителството, а во општиот метеж и туркање со полицијата, на некои луѓе им се слоши и се здобија со полесни повреди, велат од опозицијата.

Еден полицаец во Нови Сад го загубил пиштолот при туркање, додека друг се тепал со група пратенички поради тоа што му го одземале штитот. Власта ја обвинува опозицијата дека предизвикува хаос, а министерот за внатрешни работи вели дека полицијата има право да реагира кога е нападната.

Во Белград за 12 часот е најавена блокада на Бранковиот мост.

Претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац денеска ги повика граѓаните напладне да се соберат и пред Бранковиот мост за да го одбранат уривањето на стариот Савски мост. Ѓорѓе Микетиќ, активист на иницијативата „Мостот останува“ повика на акција, наведувајќи дека „акцијата е неопходна бидејќи властите околу 4 часот утринава почнаа целосно незаконски да ги отстрануваат шините на стариот Савски мост“.

-Она што се случува денеска пред судот и пред обвинителството во Нови Сад и овде на стариот Савски мост е соголување на диктатурата, подвлече Микетиќ.

Тој ги повика граѓаните денеска напладне да се соберат на Бранковиот мост и да го блокираат со автомобили, велосипеди и пешки.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Министерството за внатрешни работи на Србија ги предупредува учесниците на протестните собири дека нема да толерираат нарушување на јавниот ред и мир, загрозување на безбедноста на земјата и државните институции, како и напади врз полицијата.

За пладне, како што денес соопштија од Кабиетото на срппкиот претседател Александар Вучиќ закажана е и седница на Советот за нацуоинална бебзбедност, без да се наведе причина за свикување на седницата.

ИЗДВОЕНИ