ПРОТЕСТИ И ВО ЦРНА ГОРА: Од денеска секојдневно ќе биде блокирана по една сообраќајница

80
Фото: X

Неформална црногорска студентска група Камо Сутра најавија дека од денеска 3 февруари, секојдневно ќе блокираат по една сообраќајница во Црна Гора додека не се исполнат нивните барања, јавуваат црногорските медиуми.

Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора Алекса Бечиќ бидејќи, според нив, ништо не е направено за да се спречи повторување на злосторствата слични на она што се случи во Цетиње на 1 јануари оваа година.

„Дваесет и три минути врева ќе започне во 17 часот и 26 минути. Точната локација ќе ја објавиме во 16 часот и 26 минути на нашите мрежи. Сите на улиците! Сите за нашето безбедно утре!“ порача групата на мрежата X.

Како дел од организацијата Камо Сутра? Во саботата вечерта беше одржана блокада на мостот Блаж Јовановиќ во Подгорица која траеше од 17:26 до 18:30 часот.

На 1 јануари Цетињанецот А.М застрела 12 сограѓани, по што се самоуби. Притоа рани уште четири лица, од кои едното подоцна почина во Клиничкиот центар во Црна Гора.

ИЗДВОЕНИ