Бројни граѓани учествуваат на протестниот марш „За безбедно училиште“, кој започна во 18 часот од Учителскиот дом на „Трг Републике Хрватске“ во Загреб, а ќе помине низ центарот на градот за да укаже на важноста од безбедноста во училиштата по трагичниот настан што се случи во петокот во основното училиште „Пречко“.
Како што информираат од N1 Загреб, заедно со протестниот марш најавија и собир и палење свеќи пред сите училишта во Хрватска. Тие ги повикаа сите да им се придружат – родители, наставници, граѓани.
Според првите проценки се собраа неколку стотици наставници, професори и граѓани.
„Сакаме да бидеме светлина на општеството, а не да носиме свеќи!“, „Кога една мајка плаче, сите мајки плачат“, „Учител = храброст“, „Ни зедовте сè, нема да ви ги дадеме децата“, „Нападот врз вас е тероризам, а нападот врз деца – инцидент!“, „Удобни фотелји – крвави училишни клупи“, се дел од транспарентите што ги носеа некои од учесниците на протестниот марш во понеделник.