Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје/ФОТОГАЛЕРИЈА

61

Со протестен марш, кој започна од пред зградата на Министерството за животна средина, попладнево во 16 часот „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи се собрани да го изразат своето незадоволство од загадувањето на воздухот.

Маршот потоа продолжи пред собранието и ќе заврши пред зградата на владата. Причините за одржување на протестот, како што велат од „Зелен хуман град“, се смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво.

Итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето е барањето од протестниот марш против аерозагадувањето во Скопје организиран од Иницијативата „Зелен Хуман Град“ што попладнево се одржува во главниот град.

Секоја година во Македонија се бележат околу 3 828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од „Зелен хуман град“.

Фото: П. Стојановски

ИЗДВОЕНИ