Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ попладнево во 18 часот го започна својот четврти протестен марш барајќи правда и промени во системот. Протестниот марш започна пред Владата, а потоа рутата е кон Судскиот совет, Собранието па се до Кривичниот Суд.
Фото: П. Стојановски
Со соопштение во кое граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ јавно им се извини на сите граѓани што во изминативе 35 години изгради систем кој свирепо ги убива децата денес повикаа на протестот пред Владата.
„Граѓанската иницијатива ‘Кој е следен’ јавно им се извинува на сите граѓани што во изминатите 35 години изгради систем кој свирепо ги убива своите деца, ги загадува нашите градови и ја осиромашува нашата држава. Воедно, се извинуваме и за сите системски неправди кои ние сме ги предизвикале од 8 септември 1991 година, па се до денес“ пишуваат тие.