Протест на вработените во „Тесла“ во Њујорк против Маск, уапсени девет лица

590

Девет лица се уапсени во саботата за време на демонстрации пред салонот за автомобили Тесла во Њујорк, објавија денеска американските медиуми.

Демонстрантите протестираа против улогата на Илон Маск, милијардерот кој раководи со американскиот Оддел за ефикасност на владата (DOGE), во драстичните буџетски кратења на федералните институции што ги бараше американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Протестот, на кој полицијата процени дека собра неколку стотици луѓе, беше еден од серијата демонстрации низ САД наречени „Отстранување на Тесла“, насочени против Маск.

Толпи демонстранти го блокираа сообраќајот, извикуваа слогани и вееја транспаренти на кои пишува „Запали Тесла: Спаси ја демократијата“ и „Нема диктатори во САД“, пренесува Танјуг.

Маск, најбогатиот човек на светот, ги предводи напорите за намалување на трошоците во американската сојузна влада, што резултираше со илјадници отпуштања и откажување на стотици договори за помош од САД. Тесла и портпаролот на Белата куќа сè уште не одговориле на барањата за коментар за протестите.

ИЗДВОЕНИ