На раскрсницата во близина на пазарот Футошка пијаца во Нови Сад се одржува голем протест на средношколци „Онлајн не е решение“, пренесува О21.рс.
На средношколците кои дојдоа во Нови Сад од цела Србија им се обратија претставници на собранијата на граѓаните на Нови Сад.
„Студентите и учениците, заедно со граѓаните, го претворија ехото на болката од ова место во глас на слободата што цела Србија може да го чуе денес. Затоа е особено важно што сте денес во Нови Сад, за да го чуеме гласот на вас кои сте иднината на оваа земја. Ние сме заедно со вас и ќе останеме заедно сè додека не се исполнат барањата и не се постигне победа. Добредојдовте во Нови Сад, собранијата на граѓаните ќе пулсираат со сите вас“, рекоа тие.
Protest srednjoškolaca u Novom Sadu još uvek traje. #NoviSad pic.twitter.com/FlLISBmLZz
— Radio 021 (@Radio021) April 26, 2025