Неколку илјади работници од цела Европа се собраа денеска во Брисел во близина на седиштето на Европската комисија, барајќи гаранции за иднината на индустријата и нивните работни места, жалејќи се дека ситуацијата е сериозна и дека фабриките се затвораат.
Работници од челичната, автомобилската и хемиската индустрија, 3.000 демонстранти според белгиската полиција, се собраа на плоштадот во Брисел на повик на синдикалната конфедерација IndustriALL.
„Време е Европа да се разбуди. Европската индустрија минува низ длабока криза“, изјави генералниот секретар на конфедерацијата, Џидит Киртон-Дарлинг.
Делегација на синдикатите беше примена во текот на денот во Европската комисија, која на 26 февруари ќе го претстави „Пактот за чиста индустрија“.