Администрацијата на Доналд Трамп се најде среде голем скандал. Имено, главниот уредник на Атлантик, Џефри Голдберг, тврди дека останал во групата за пораки „Сигнал“ во која клучните луѓе од тимот на Трамп планирале напад врз Хутите во Јемен.
Во петокот, на 15 март, светот дозна дека САД ја бомбардираат бунтовничката група, а Голдберг вели дека знаел за тоа цели два часа порано.
Голдберг тврди дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет точно во 11:44 часот му испратил порака со детален план за напад. Во пораката се наведени целите, видовите на оружје и точното време на нападот. Главниот уредник на The Atlantic не објави технички детали за нападот бидејќи, како што вели, може да загрози одредени луѓе во американската војска и не е од јавен интерес, пренесува Index.hr.
Сепак, она што е од јавен интерес, нагласи тој во интервју за Си-Ен-Ен, е огромна грешка на тимот на Трамп, кој по грешка го остави во групата за внатрешни комуникации.
Така, во пораките од групата наречена „Houthi PC small group“, можеше да се види противењето на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на самиот напад. Тој рече дека не му се допаѓа идејата „повторно да ја спасува Европа“.
Американскиот секретар за одбрана Питер Хегсет претходно рече дека нападите, кои погодија повеќе цели во текот на три дена, почнувајќи од 15 март, се дел од „немилосрдната“ кампања што ќе продолжи се додека Хутите не престанат да ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море – витална бродска рута.
Скандал во САД: Протекоа воени планови, случајно додаден новинар во безбедносна апликација за пораки
Голдберг вели дека Венс во групен разговор рекол дека верува оти нападите биле „грешка“, истакнувајќи дека само околу 3% од американската трговија поминува низ Суецкиот канал, додека европската трговија зависи од тој пат дури 40%.
„Постои реална опасност јавноста да не го разбере ова и зошто е потребно. Најсилната причина за нападот е, како што рече претседателот, да се испрати порака“, наводно напишал Венс. Ако мислите дека треба да нападнеме – добро. Само мразам што треба повторно да ја спасувам Европа“, рекол Венс.
Тој додаде дека не е сигурен дека претседателот Трамп е свесен колку овие напади се во спротивност со неговата сегашна порака до Европа, нагласувајќи дека нападите може да предизвикаат скок на цената на нафтата.
Само два дена пред нападот во Јемен, Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за виното, шампањот и другите алкохолни пијалоци од Европа, доколку ЕУ не ги укине царините за американското виски.