Протече планот: Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, ова се метите?

73
EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Израел за неколку дена ќе започне „значителна одмазда“ на вчерашниот ирански ракетен напад, пишува американскиот информативен сајт Аксиос.

Според порталот Аксиос, добро поврзан со израелски и американски безбедносни извори, целта би можеле да бидат иранските капацитети за производство на нафта.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран направил „голема грешка“ со својот напад и дека „ќе плати за тоа“.

Ситуацијата на Блискиот Исток врие, а за денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН.