Простувања и во Скопје, Штип, Пробиштип, Облешево и во Струмица: Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

75

Испраќања во вечните почивалишта на дел од жртвите во пожарот во Кочани  вчера се извршија и во Скопје, Штип, Пробиштип, Облешево и во Струмица. Родителите, роднините и пријателите во Скопје се простија од членовите на музичката група ДНК. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески е погребан на Градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска, на гробиштата во Горно Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев беше извршен на Градските гробишта во Струмица. Посмртните останки беа изложени во Градската капела од 12 часот, а претходно вработените во музичкото училиште одржаа комеморативна седница.

Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот на ДНК, беа изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, беше изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.

 

ИЗДВОЕНИ