„Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“: Семејствата на жртвите од пожарот во Кочани на марш во Скопје/ФОТОГАЛЕРИЈА

121

Со транспаренти на кои е напишано „Нема трагедија има злосторство“, „Системот убива, институциите молчат“, Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“…семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани денеска одржуваат протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.

„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со ‘фати, па пушти’, без да има јасно образложение за таа законска процедура и што се создава во нашите мисли, кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.

Тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца. Маршот, почна пред Oбвинителството во Скопје во 12.05 часот како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот Македонија и ќе заврши пред Собранието.

ИЗДВОЕНИ