Просечната плата во Македонија достигна 43.050 денари

16

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (15,6 %), административни и помошни услужни дејности (12,0 %) и образование (11,4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (6,6 %), преработувачка индустрија (5,4 %) и финансиски дејности и дејности на осигурувањето (4,5 %).

ИЗДВОЕНИ