Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември минатата година изнесувала 43.587 денари и во однос на тој месец во 2023 година, била повисока за 9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности за 13,2 отсто, транспорт и складирање за 12,3 проценти и рударство и вадење на камен за 12 отсто – соопштија од Статистика.

За споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година изнесувала 41.999 денари. Просечната бруто-плата во декември 2024 година достигнала 65.582 денари.

ИЗДВОЕНИ