Проруски хакери извршија напад на веб-страниците на италијанските министерства, морнарицата, компаниите за јавен превоз

23
Проруската хакерска група „Ноунејм 057“ повторно утрово ги нападна веб-страниците на италијанските министерства и инстутуции, што доведе до привремен прекин во давањето услуги“, јави АНСА.

Хакерските напади се извршени на веб-страниците на минситерството за надворешни работи, инфраструктура и транспорт, на морнарицата, како и на компании за јавен превоз.

Истите цели беа мета на хакерите и пред две седници. Хакерската група „Ноунејм 957“, најавувајќи ги нападите, ја критикуваше италијанската премиерка Џорџа Мелони на Телеграм, наведувајќи дека таа ја потврди поддршката за украина на состанокот во Рим со укаинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот вечерта.

„Италија треба да почне така што ќе си помогне себеси и, пред се, за својата сајбер безбедност“, наведе хакерската група.

Зеленски во петокот утрото разговараше во Рим со италијанскиот претседател Серџо Матарла, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ