Пророштвото на Нострадамус за смртта на папата Франциск: Се спомнува и наследник – „млад човек со темна кожа“?!

145

Пророштвата на Нострадамус честопати се предмет на различни толкувања, а многумина веруваат дека не треба да се сфаќаат буквално. Сепак, по смртта на папата Франциск, некои неговите зборови ги гледаат како знак за промени во водството на Католичката црква.

Додека католиците ширум светот тагуваат за смртта на папата Франциск, кој почина во понеделник на Велигден на 88-годишна возраст, астролозите тврдат дека Нострадамус ја предвидел неговата смрт, предупредувајќи на можно слабеење на влијанието на Католичката црква во светот.

Во својата книга „Les Prophéties“ од 1555 година, францускиот астролог Мишел де Ностредам, познат како Нострадамус, направил серија мрачни пророштва за иднината, вклучувајќи „сурови војни“, природни катастрофи и враќање на чумата, пишува Дејли Меил.

Меѓу неговите предвидувања беше и смртта на „многу стар“ папа, со сугестија дека Католичката црква може да ја изгуби својата важност. Во понеделникот на Велигден, Ватикан ја потврди смртта на папата со аргентинско потекло, кој ги помина последните недели во болница борејќи се со болест која премина во пневмонија.

Во својата позната збирка на пророштва, Нострадамус напишал:

„Преку смртта на еден многу стар понтиф / ќе биде избран римјанин во добра возраст / за него ќе се каже дека ќе се каже дека ја ослаби својата столица / Но, тој ќе седи долго и во остра активност“.

Алудираше и на наследникот на папата Франциск пишувајќи:

„Еден темен млад човек, со помош на голем крал, ќе ја предаде чантата со црвена боја на друг“.

На Нострадамус му се припишуваат точни предвидувања за значајните светски настани, како што се подемот на Адолф Хитлер и пандемијата Ковид.

ИЗДВОЕНИ