Пронајдено 4-годишно дете кај Рашче во добра состојба, излетало од автомобилот пред тој да падне во реката: Се огласија од Клиничкиот центар

65

По тешката сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излета од патот кај селото Рашче и падна во Вардар, луѓе кои се нашле на местото пронашле четиригодишно дете кое било во автомобилот, но излетало пред тој да падне во реката. Детето прво било однесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а оттаму потоа во Клиничкиот центар, соопшти полицијата.

Според директорот на Клиниката за детска хирургија, д-р Лазо Јовчески, детето нема повреди кои би му го загрозиле животот.

– Здравствената состојба на пациентот згрижен на Клиниката на детска хирургија е стабилна, направени се иницијални проценки, одредени биохемиски параметри и компјутеризирана томографија, коишто се уредни, меѓутоа поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за опсервација, вели д-р Јовчески за телевизија „Сител“.

По четворицата членови на семејството кои се возеле во автомобилот вечерва интензивно трагаат полициски нуркачи и припадници на специјалната полициска единица „Тигар“.

 

ИЗДВОЕНИ